УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

 

Со користење на овој веб и мобилен сервис и апликација за паметни телефони, се согласувате со неговите услови за користење, затоа Ве молиме внимателно да ги прочитате.

 

Име и авторски права

Веб-страницата www.cammeo.mk е во сопственост на компанијата Каммео Група ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст Cammeo).

Cammeo овозможува користење на услуги и содржини на веб-страницата www.cammeo.mk кои се регулирании со овие Услови за користење.

Условите за користење ги утврдуваат условите за крајните корисници и се однесуваат на употреба на веб и мобилни услуги и апликации за паметни телефони. Со користење на услугата, крајните корисници изјавуваат дека се согласуваат со Општите услови за користење и се согласуваат да ги користат веб-страниците www.cammeo.mk и апликациите за паметни телефони во согласност со нив.

Сите материјали кои се наоѓаат на www.cammeo.mk се во ексклузивна интелектуална сопственост на Каммео Група ДООЕЛ Скопје и можат да се користат само со експлицитна дозвола на носителите на авторските права и трговската марка и / или сопствениците на правата за дизајн.

 

Лични информации

Корисникот на веб, мобилната услуга и апликација за паметни телефони е одговорен за точноста и комплетноста на внесените информации при регистрацијата и ја прифаќа одговорноста за сите активности во рамките на неговата сметка.

Корисникот може своите прашања и коментари да ги прати во писмена форма, по пошта или e-mail, а Cammeo ќе испрати писмен одговор по пошта или e-mail во законскиот рок.

Во согласност со внатрешните правила на Каммео Група ДООЕЛ Скопје, сите повици се снимаат, а телефонските броеви и e-mail адресите автоматски се зачувуваат во базата на податоци на компанијата Каммео Група ДООЕЛ Скопје. Секој повик и нарачка преку апликацијата за паметни телефони, воедно претставува и прифаќање од страна на корисникот да Каммео Група ДООЕЛ Скопје може да ги користи телефонскиот број и/или e-mail адресата за цели на информации за услугата, промени во работењето и промотивни активности што можат да бидат од корист за крајниот корисник. Каммео Група ДООЕЛ Скопје се согласува да го користи телефонскиот број или e-mail адресата исклучиво за дистрибуција на информации поврзани со работењето на компанијата.

 

Одјава од веб-страна, мобилен сервис или апликација Cammeo

Доколку сакате да ја одјавите вашата корисничка сметка, Ве молиме контактирајте нè на cammeo@cammeo.mk, а ние ќе ви одговориме во најкраток можен временски период.

 

Цена

Cammeo се обврзува јасно, видливо и читко да го истакне износот на тарифните услуги, а услугата за нарачување на веб-страна, преку мобилен или аплиакција за паметни телефони не се наплаќа.

 

Останато

Пристапот до веб-страницата www.cammeo.mk или Cammeo апликацијата за паметни телефони, понекогаш може да биде недостапен поради работа, одржувањето или воведувањето на нови содржини и во случај на вонредни околности кои не се под контрола на Cammeo, за кои ќе настојуваме да ги отстраниме што е можно поскоро.

Камео има право да ги менува условите на користење и не е одговорен за можните последици што произлегуваат од ваквите промени. Овие промени стапуваат на сила со објава на веб-страницата cammeo.mk.