Вози за Cammeo

Пријави се и стани дел од фамилијата

 

Биди и ти дел од Cammeo семејството

Иднината е на четири тркала
Вози, уживај и одлично заработувај!

 

Твојата иднина е на четири тркала и те чека во Cammeo, водечки регионален такси превозник.

 

 Твојата иднина е на четири тркала и те чека во Cammeo, водечки регионален такси превозник.

Секогаш сме во потрага за засилувања (проширување на нашиот тим), баш ти би можел да бидеш одличен кандидат. Се прашуваш што можеш да направиш за нас? Дозволи ни прво ние да ти објасниме што можеме да направиме за тебе.

Нудиме најголеми примања во оваа струка и флексибилно работно време. Кај нас платата стига секогаш во исто време - секој 10ти во месецот, а и работата е сигурна.

Ти нудиме и можност на еден ден да пробаш како е да се биде дел од Cammeo фамилијата.

Сите наши возачи на располагање имаат логистичка и секаква останата поддршка 24 часа, 7 дена во неделата и никогаш не се препуштени сами на себе. Кај нас не мораш да се грижиш за возилото бидејќи ние го осигуруваме, а ако на сè додадеме прекрасна работна атмосфера, добиваме рецепт за вистинскo работнo уживање.

Исто така, ќе се погрижиме во прва смена да тргнеш потполно спремен, како би ја одработувал својата работа квалитетно, за на крај ти да бидеш задоволен!

Заинтересиран си? Одлично! Предлагаме да ни се јавиш и да нè запознаеш. Со задоволство ќе ти одговориме на сите прашања и ќе ти покажеме како функционира Cammeo.

Пријави се со пополнување на образецот кој се наоѓа на оваа страница, или пиши ни e-mail на hr@cammeo.mk

Придружи ни се и увери се зошто сме број 1 такси во државата, а и пошироко. Тргни и почни да заработуваш!

 

 

7 причини зошто да возиш за такси Cammeo

Наоѓање на добра работа овие денови не е лесно. Поради флексибилноста која ја нудиме и сигурната плата, возач во такси Cammeo е идеална работа за тебе. Еве зошто:

 

1. Вози кога сакаш

Кога ќе возиш во текот на денот, одлучуваш само ти. Ако сакаш да ги избегнеш дневните гужви можеш да возиш ноќе. Ако пак сакаш да имаш слободно време за родителски обврски, тогаш можеш да возиш претпладне.

 

2. Целиот бакшиш е твој

Cammeo е познат по своите верни патници, само поради своите вредни и љубезни возачи. Ако си комуникативен, внимателен, љубезен, шармантен и се грижиш за своите и нашите патници, ќе бидеш вредно награден.

 

3. Оценување на возачи

Кога возењето ќе заврши, патникот преку нашата апликација може да те пофали и оцени со ѕвездички. Во Cammeo ја забележуваме секоја пофалба и секоја ѕвездичка, па со нив влегуваш во редовен избор на возачи на неделата и возачи на месецот, и можеш да оствариш дополнителни бонуси.

 

4. Откриј нови места и пријатели

Сакаш да се дружиш со луѓе, ноќни или утрински возења по градот? Го знаеш градот во мал прст, а градските гужви ти се доказ колку подобро возиш од другите? Одлично, претвори го тоа во заработка. Вози за Cammeo, осигурај си редовна работа и одлични примања.

 

5. Зголеми ја својата заработка

Ако посакаш да заработиш повеќе од тоа што сам на себе си го задал во почетокот на работењето за Cammeo, можеш да го промениш работното време и да одбереш смена за која мислиш дека ќе ти донесе поголема заработка. Преку нашата едукација, совладај ја апликацијата и искористи ги сите нејзини предности за да можеш да земаш возења „во лет“.

 

6. Сигурна исплата

Не мораш да се грижиш за исплата на плата, затоа што гарантираме плата на 10ти во месецот. Ако пак имаш обврски кои мораш да ги финансираш порано, тука сме да ти излеземе во пресрет и да ти помогнеме околу нив. Уредно ќе бидеш пријавен и осигуран.

 

7. Во Cammeo не си сам

Ако немаш искуство, нашите колеги сè ќе те научат и ќе можеш да возиш по улиците на градот како низ својот двор. Не е идеално секое возење, може да се случи технички проблем, но не грижи се - веднаш ќе добиеш заменско возило. Во секој момент ќе имаш помош на пат околу сè што е потребно за безбедно да го завршиш возењето и да си ја оствариш својата заработка. А, дали знаеш дека ако со едно такси возило поделиш смена со друг колега, заработката ќе ти се зголеми и за прометот на колегата? Сигурно не знаеше ни дека Cammeo возилото можеш да го користиш за приватни потреби?

 

 

Пријави се за работа, помини до кај нас, затоа што има уште многу што би можело пријатно да те изненади!