Прво еколошко такси во Македонија

 
 

Cammeo, како водечки такси превозник во овој дел од Европа од 2006та година, континуирано поставува високи стандарди во секој
аспект од своето работење, вклучувајќи го и нивото на еколошка свест. Така, Cammeo ќе биде првиот и единствен „зелен“ или еко-такси на улиците во Скопје.
Поточно, нашите возила работат на метан (CNG), кој по електричната енергија, е еколошки најприфатливото погонско гориво.
Со оглед на тоа дека Скопје е меѓу најзагадените градови, Cammeo, како прво „зелено“ такси, ќе придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот, а и за општиот квалитет на живот во градот.


Возете се зелено, возете се со Cammeo!